ВМРО-ДПМНЕ: Роберт Поповски и Самка Ибраимовски не поднеле пријава во ДКСК

Од:

Двајца министри од владата на СДСМ Роберт Поповски и Самка Ибраимовски немаат поднесено пријава за својот имот до Државната комисија за спречување на коруцијата, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Светлана Колариќ на прес-конференција посочи дека тоа, согласно законот, претставува казниво дело.

– Тие демонстрираат безаконие, но она што повеќе ја интересира јавноста е зошто го кријат својот имот и колку имаат заработено под услови на наводен режим? Дали во моментот прават префрлање на богаството на други лица со цел да не се дознае нивниот имот, праша Колариќ.

Според неа, од она што досега е објавено се гледа дека новата влада на СДСМ е составена од милионери кои своето богатство го имаат стекнато за многу кус период.

– Се уште нема одговор како вицепремиерот Кочо Аѓушев стигна да се стекне со капитал од над 28 милиони евра лично богатство? Како под наводна диктатура Анѓушев заработил пет стана во Скопје, деловни простории и куќа во Скопје, стан во Белград, куќа на Халкидики, праша таа.

Како премиерот Заев, додаде Колариќ, под услови на наводен режим според лично признание заработил шест до седум милиони евра богатство. – Како Заеви од просечно земјоделско семејство дојдоа до фирми кои за 10 години направиле обрт од 200 милиони евра, праша таа.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал