ВМРО-ДПМНЕ: Реториката на Петров е типична за СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на изјавата на кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Карпош Андреј Петров оцени дека почнал да се расфрла со ветувања за кои нема никаква програма, а со тоа и никаква гаранција пред граѓаните дека тоа ќе го исполни.

– Ниту знае колку би чинеле проектите, ниту знае дали има документација, ниту знае кој е рокот за реализација. Изненадени сме и од реториката на господинот Петров, кој уште од првиот ден почна да упатува навреди кон своите противкандидати, посебно потценувајќи ги годините и искуството на Јагнула Куновска. Оваа реторика е типична за СДСМ и свесни сме дека партија која не се занимава со дела и проекти ќе се занимава со своите противкандидати, стои во реакцијата.

Воедно, се посочува како непринципиелно од страна на Петров кој до вчера како прв човек на Бранко Црвенковски ги убедувал граѓаните дека локалните избори се незначајни, а денес зборува за локалните потреби на граѓаните.

– ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со презентирање на своите програми за сите општини и на граѓаните ќе им нуди конкретни проекти за кои ќе можат да се информираат. Сигурни сме дека граѓаните ќе ги изберат новите дела и нема да потклекнуваат на навредите и празните ветувања кои доаѓаат од страна на СДСМ, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО