ВМРО-ДПМНЕ: Ресен го памти Црвенковски по недомаќинското работење

Од:

Партискиот портпарол Александар Бичиклиски на денешната прес-конференција рече дека за цели 15 години СДСМ не вложи ниту денар во Ресен и го доведе до работ на егзистенција.

„Кога Бранко ќе се сретне со ресенчани нека им објасни како се случи 6.000 граѓани на Преспа да останат без работа во негово време. Зошто „око не му трепна” за 6.000 семејства кои останаа без егистенција со затворањето на Преспатекс, Ретекс, Ресена, Преспатранс, Ипоз Преспа, Алгрета, Столичара, хотелите Европа, Југославија“, рече Бичиклиски.

СДСМ и тогашниот градоначалник на Ресен Бузлевски, додаде, ја задолжија општината со преку два милиона евра. Јаболкопроизводителите не добија субвенции, поддршка за земјоделската механизација не постоеше, а за добивање државно земјиште не смееја да помислат.

Според ВМРО-ДПМНЕ граѓаните на Ресен го памтат владеењето на Црвенковски, но не по градење и инвестиции, туку по уништување, транзиција и недомаќинско работење.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

СДСМ: Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски

Горан Наумовски

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер