ВМРО-ДПМНЕ: Република Македонија не добива датум затоа што нема реформи, Заев мора да си оди од власт за Македонија да тргне напред

Од:

Република Македонија за жал не доби датум за почеток на преговори овој јуни, исто како што не доби ниту лани кога Зоран Заев и неговите соработници славеа во владиниот авион, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Зоран Заев.

„Република Македонија не добива датум затоа што нема реформи, а криминалот и корупцијата добиваат епидемиски размери. Зоран Заев ја срами државата секаде каде што оди. Граѓаните и државата само трпат штети од неговите лаги и манипулации.

Во официјалното соопштение од кабинетот на канцеларката Меркел, за жал не се спомнува датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ и покрај заканите и уцените на Заев. Се додека Зоран Заев е на власт Република Македонија ќе трпи неуспеси. Зоран Заев мора да си оди од власт за Македонија да тргне напред.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за добивање датум за почеток на преговорите, бидејќи граѓаните и државата не смее да бидат казнети и да трпат последици заради неговата неспособност.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела