ВМРО-ДПМНЕ: Ременски нема право да зборува за децата со посебни потреби бидејќи не направи ништо за нив

Од:

„Децата со посебни потреби, лицата со инвалидност, нивните семејства и сите социјално ранливи групи на граѓани го заслужуваат целосното внимание и грижа од страна на институциите.

ВМРО-ДПМНЕ досега реализираше огромен број на проекти за подобрување на животот на децата со аутизам и децата со посебни пореби, за родителите на овие деца како и за сите лица со инвалидност.

Пристапивме кон модел за помош и грижа на децата преку нивна децентрализација и деинституционализација. За таа цел отворивме 32 дневен центар и тоа:
Дневни центри за аутизам отворивме во Скопје и Штип.
Дневни центри за деца со оштетен вид се отворени во скопската општина Кисела Вода и во Велес.
Дневни центри за деца со посебни потреби отворивме во општините: Скопје (Дневен центар за деца со церебрална парализа, Дневен центар за ментална и телесна попреченост, Дневен центар за возрасни).

Го зголемивме износот на посебен додаток за самохрани родители на дете со пречки во развојот за 50%.

Го зголемивме и посебниот додаток за материјално необезбедени родители на деца со пречки во развојот за 25%.

Воведовме посебен додаток за сите деца со Даунов синдром. Со измените и дополнувањето на Законот за заштита на децата се воведе и остварување на правото на посебен додаток на сите деца со Даунов синдром со месечен износ од 4.366 денари.

Усвоена е Националната стратегија за деинституционализација во системот на социјалната заштита (2008-2018). Преку процесот на постепена деинстуционализација, лицата со попреченост во менталниот развој се сместуваат во станови во заедницата (до 5 лица) и примаат поддршка во согласност со нивните индивидуални потреби. Организираното живеење со поддршка кај овие лица овозможува видливи позитивни промени на психофизички и на социјален план. Моментално функционираат вкупно 16 станбени единици за организирано живеење со поддршка во кои се сместени вкупно 76 корисници.

Реализирани се уште десетици други проекти за оваа категорија на граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да релизира проекти кои директно ќе го подобрат животот на децата со аутизам, децата со посебни потреби, лицата со инавлидност, за социјално ранливите категории на граѓани.

Предвидено е отвoрање на дневни центри за деца и лица со пречки во развојот и тоа:
Отворање на дневни центри на деца со пречки во развојот во 6 општини во Република Македонија.
Отворање на дневен центар за деца со Даунов синдром во Скопје.
Отворање на дневен центар за лица со церебрална парализа во Скопје.
Отварање на Дневен центар за возрасни лица со тешка и најтешка попреченост во 4 општини

Освен тоа се предвидува и Центар за рана детекција на децата со аутизам.

Дополнително се работи на изготвување на измени на законот со кои ќе се обезбеди поголема Заштита на работниците – родители на овие деца со посебни потреби при што ќе се направи законско уредување за забрана на отказ на договор за вработување од деловни причини за работник што е родител на дете со посебни потреби.

Исто така ќе се овозможат Бесплатни здравствени прегледи на деца со пречки во развојот коишто се корисници на дневните центри за деца и лица со пречки.

Овие и уште многу други конкретни проекти се вистинска грижа за граѓаните и за семејствата на лицата со посебни потреби, наместо лагите и манипулациите кои им ги нудат СДС и најнеуспешната министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски.

Срамно е што СДС се обидува да ја злоупотреби судбината на сите овие лица. Фросина Ременски имаше доволно време во МТСП да направи нешто за ранливите категории на граѓани но својот мандат како министер го заврши со 0 релизирани проекти

Таа нема никакво право да зборува за децата со посебни потреби таа во својот мандат наместо да направи нешто добро за сите овие деца и лица ги кочеше и блокираше секој проект како и проектите кои го подобруваат нивниот живот, го кочеше отварањето на дневните центри, го кочеше отварањето на градинките, ги кочеше проектите за децата со посебни потреби, го кочеше доделувањето на социјалните станови за најранливите само затоа што се тоа проекти на ВМРО-ДПМНЕ

Ременски не се грижеше се за лицата од социјално ранливите категории на граѓани. Така беше и кога СДС ја предводеше владата во периодот пред 2006-та кога не направија ама баш ништо за децата со посебни потреби и социјални ранливите категории на граѓани, напротив ги оставија на питачки стап овие семејства.

Фросина Ременски сега излегува без никаква доблест со препишани проекти од програмата и отчетот на ВМРО-ДПМНЕ и повторно се обидува да ја манипулира и лаже јавноста.

Фросина Ременски се обидува очајно да ја дефокусира јавноста од темата за Тиранската платформа која нејзната партија ја прифати. За жал таа тоа го прави на најбезобразен начин, лажејќи и манипулирајќи со чувствата на граѓаните“ изјави Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Би можело да ве интересира

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, економски развој и борбата против корупцијата

А1он

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов