ВМРО-ДПМНЕ: Реформите во здравството предизвикуваат нервоза во СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во денешната писмена реакција на прес-конференцијата на Менде Диневски од СДСМ посочува дека реформите и професионализацијата во здравството предизвикуваат огромна нервоза во СДСМ.

„СДСМ насилнички и безобразно, без никакви аргументи на дело ја покажува својата намера за груб политички упад во професиоалниот македонски здравствен систем. Тие излегоа на прес-конференција критикувајќи го Министерството само затоа што не се вработила за доктор нивен партиски член“, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, на социјалдемократите им сметаат новите методи на професионална селекција на кадрите.

„Самата постапката е регуларно спроведена и од вкупно 240 кандидати кои се пријавиле на јавниот оглас, 125 кандидати кои биле со комплетна документација биле повикани на тестирање за познавање на странски јазик и стручен испит. Вакво тестирање за прв пат се спроведува при вработување на кадри во здравството. На тестовите регуларно се пријавиле 45 кандидати, од кои 27 најдобри биле повикани на интервју кое било спроведено со комисијата за селекција на кандидати“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно со потребите на Клиниката, како што посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, на соодветните оддели направена е селекција на 9 кандидати за 9 работни места. – Изборот на најдобри меѓу најдобрите е направен во сообразност со потребите на одделенијата за каде што се наменети кадрите и избрани се оние кои најмногу одговараат на соодветните работни места. Сите кандидати се со просек над 8,50, посочуваат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ