ВМРО-ДПМНЕ: Реформите на СДСМ, како да беа ветувани на први април, завршија уште пред да почнат

Од:

„Република Македонија е заробена држава. СДСМ го девалвираше правото и правниот систем во државата. Судството не работи по силата на законот, туку под притисок на власта.

Реформите кои ги најавуваа, како да беа ветувани на први април, завршија уште пред да почнат.

Правосудните органи се партизираат со партиски кадри, а институциите се користат за пресметка со политички неистомисленици.

Апатијата која завладеа на општествено – политички план се отслика и во економијата. Минатата година економијата после долго време за првпат не оствари раст. Државата се соочи со пад на градежништвото од 20% и застој на сите инфраструктурни проекти почнати од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ не знае да менаџира со парите на граѓаните. Покрај тоа што ги троши немилосрдно и без концепт за раст и развој, истата ја задолжи државата со милионски суми. Притоа не само што не направи нешто продуктивно со истите, туку и ги чува без за нив да зема камата, во исто време плаќајќи камата за основниот долг, со што до сега ја оштети државата за 1.5 милиони евра.

Долга е листата на неуспеси на оваа власт. Неуспесите со СДСМ на власт станаа наше секојдневие. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да поднесе барање за гласање на доверба на Владата. Граѓаните заслужуваат подобро. Државата заслужува подобро“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите