ВМРО-ДПМНЕ: Реформите кои ги најавуваше СДСМ испукаа како балон

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмено соопштение, реакција на соопштението на СДСМ.

„СДС седум месеци работи спротивно на интересите на граѓаните на Република Македонија.

СДС ветуваше реформи, а донесе деструкција.

Реформите кои ги најавуваше СДС испукаа како балон. Инситуциите наместо во служба на граѓаните се ставени во служба на хунтата, се злоупотребуваат законите со цел изживување со политичките неистомиленици.

Граѓаните на Република Македонија во 21 век видоа што значи хунта. Антидржавни договори, политички прогон на неистомисленици, монтирани судски случаи, криминал на улиците, здравство без министер, сомнителни тендери на претставници од власта, загаденост на воздухот од невидени размери и непотизам се одликите на хунтата во Македонија.

Граѓаните заслужуваат демократија. Граѓаните имаат потреба од институции кои го спроведуваат законот, а не злоупотребуваат. Граѓаните заслужуваат правна држава базирана на современите демократски принципи.

Хунтата ја уништува демократијата и правната држава, мислејќи дека ќе помине неказнето. ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека владеењето на правото и правната држава, демократски институции и еднаквост за сите мора да има. Секој еден претставник на хунтата кој се обидува да ги уништи овие принципи на современото општество ќе сноси одговорност со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито