ВМРО-ДПМНЕ: Редно време е СДСМ да се потруди да напише еден конкретен проект или програма во образованието

Од:

„Единствените проекти кои СДСМ ги нуди во предизборниот период се сведуваат на зборовите “ќе укинеме” , “ќе урнеме” , “ќе избркаме” , “живи луге ќе јадеме”.

Тоа е изборот кој им го оставаат на граганите. Логично е дека во СДСМ треба да бидат исплашени бидејки ВМРО-ДПМНЕ реализираше десетици проекти за учениците, но и општо за младите во Македонија.

Го реализираше проектот компјутер за секое дете, бесплатен превоз, бесплатен престој во ученички домови, бесплатни учебници, задолжително средно образование, превод на стручна литература и книги, изградба на спортски сали, реновирања и изградба на средни и основни училишта, студенстки домови, пониска партиципација за студирање и слично.

Затоа СДСМ се во тотален хаос и бунило. Тие по којзнае кој пат со ефтин популизам сакаат да оспорат една реформа која како позитивна пракса се применува во голем број европски земји.

Бидејќи во СДСМ владее стравот и очајот од престојните избори, на кои се поизвесно е дека ќе доживеат катастрофален пораз, мораат да излегуваат со празни и неаргументирани обвинувања наместо да понудат конкретни мерки или проекти кои значат подобрување на образовниот процес.

Впрочем СДСМ во целиот период кога беше на власт не направи ниту една реформа во насока на приближување на нашето образование кон евроспкото. Тоа е случај и до ден денес, кога во пресрет на изборите наместо да понудат програма и проекти за младите, тие излегуваат со паушални изјави колку да ги има во јавноста.

Граѓаните, а особено младите знаат дека реформите и проектите во образованието кои ги презема Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период ќе дадат резултат на среден и на долг рок.

СДСМ со години не направи ништо во образованието иако имаше и можност и време. Напротив, во нивно време беа воспоставени искривени вредности во кои без заслуга се ставаа високи оценки, особено на децата чии високо позиционирани родители од црвената буржоазија тоа ќе го побараа по телефон или со директни закани кон наставниците.

СДСМ редно време е да престане да се занивама со укинување, забранување или прекинување, туку да се потруди да напише барем еднаш во својата партиска историја еден конкретен проект или програма во образованието.

Разбираме дека тие се надеваат на мала врата без поддршка на народот да се доберат до власт, ама тоа нема да им успее. Незапирливо се ближи 24 април, датумот кога народот јасно ќе каже што мисли за деструкцијата, црните сценарија и манипулациите на СДСМ.

Затоа СДСМ е во паника од 24-ти април и со крајни сили се труди да избега од соочување со народот. Во СДСМ знаат дека народот не е црпнат и сурово ќе ги казни 10-ти пат по ред“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Дарко Каевски, потпретседател на СДММ.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“