ВМРО-ДПМНЕ: Реакциите за работата на ГАК беа оправдани и корисни

Од:

„Денес санитарниот инспекторат по извршената инспекција на Клиниката за гинекологија во Скопје одржа прес конференција во која беа посочени низа неправилности во работењето.

На директорката Ирина Сотирова Бухова очигледно според снимките во медиумите најважно и беше како и стои фризурата која неколкупати ја корегираше во текот на кратката и празна изјава.

Овие наоди на инспекторатот укажуваат дека реакциите на ВМРО-ДПМНЕ, одржаните редица прес конференции пред самата клиника и привлекувањето на вниманието на јавноста како аларм и притисок на надлежните било оправдано и корисно доколку се преземат мерки и остранат недостатоците.

Санитарниот инспекторат потврди дека ВМРО-ДПМНЕ не се трудело да привлече партиски поени со неточни вести, со манипулации или со лажни вести, туку одговорно како опозиција ја одиграла улогата на коректив на власта.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму одблиску да го следи спроведувањето на потребните интервенции од власта. Прв лош сигнал е што по смртта на 30-тина новороденчиња нема реална одговорност за никого освен само дисциплинска одговорност за едно лице што е недозволиво и е прикривање на катастрофалното работење на раководството на клиниката кое предизвика смрт на 30-тина новороденчиња“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Почина 34-годишна родилка на Гинекологија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?