ВМРО-ДПМНЕ реагира на соопштението на СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на соопштението на СДСМ по повод интервјуто на Никола Груевски вчера на „Канал 5“.

„СДСМ на овие избори изгуби со 200.000 гласови разлика. На овие избори се отиде со далеку подобар закон, неколку пати подобруван отколку оној закон за избори во 2006-та година, кога ВМРО-ДПМНЕ победи, а беше во опозиција. Во овој изборен закон беа внесени сите предлози и барања на СДСМ, после што тој беше изгласан од Собранието. Во 2006-та година ниту законот за избори, ниту односот на партијата на власт со државата, ниту медиумите, ниту било што друго беа повеќе во корист на опозицијата. Напротив, се беше полошо. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ не бараше техничка влада или министри пред изборите. Бараше подршка од граѓаните со реална програма и добра кадровска понуда. Но кога се има подршката од граѓаните приказната е различна. СДСМ на последните избори доживеа втор најсилен пораз во сопствената историја заради себе, заради сопствените погрешни политики и недовербата од мнозинството граѓани, кои видоа дека може и поинаку да се работи и да се остваруваат изборните ветувања. ВМРО-ДПМНЕ ниту сега, ниту во иднина ќе го прифати барањето на СДСМ за формирање техничка влада во било каква форма“ – велат од владејачката партија.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела