ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Шилегов

Од:

ВМРО-ДПМНЕ вчера преку соопштение ги повика надлежните институции да откријат од каде се актуелните снимки, дали смее да се објавуваат, кој го сторил тоа и дали е од законски издадени ПИМ мерки или не е, и за што станува збор, реагира партијата на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

– ВМРО-ДПМНЕ ги повика надлежните институции да го истражат темелно и случајот Пуч, да видат кој снима и кој се користи со такви материјали за закана кон носители на државна функција, во соработка со странски служби. Има судска постапка и ние како партија остануваме со став дека и партиите и медиумите во врска со овој случај треба да се однесуваат одговорно и професионално и во рамки на Уставот, законите и демократските стандарди, за да не се дозволи намерата на тие што се инспиратори и креатори на овој случај да се реализира, се вели во реакцијата.

ВМРО – ДПМНЕ наведува дека СДСМ е во паника, бидејќи, како што е наведено, се фатени дека соработувале со странски служби и во нивното сценарио кое е на штета на државата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела