ВМРО-ДПМНЕ: Расте хациендата на Филипче, расте и бројот на починати поради неспособната влада

Од:

„Расте бројот на починати и заразени од ковид, ама расте и хациендата на Филипче. Неспособната власт се фрлила на луксуз и градење на хациенди, додека народ умира. Додека десетици илјади македонски граѓани се вакцинираат во Србија, Венко Филипче е преокупиран со изградбата на хациендата на Водно.

Додека во државата не е набавена ниту една вакцина и чекаме донации, Венко Филипче на големо ја привршува касарната на над 13.000 м2 на најлуксузниот дел од Скопје“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека дневно илјадници луѓе се заразуваат, по 30-тина умираат, додека нема клексани, лекови и места во болниците на Венко Филипче приоритет му е градежништвото.

Аферата Шпанско село 2 во време на епидемија го покажува целото лице на власта. Среде епидемиска катастрофа тие си градат луксузни куќи, се обидуваат да ќарат провизии при набавка на вакцини, се возат со хеликоптери, мотори, местат тендери.

Ете затоа Македонија е на врвот по корупцијата во Европа, ете затоа Македонија е на дното по вакцинација а на врвот по смртност во светот од ковид 19.

Власта аздисува, дури народот умира и око не и трепнува нешто да преземат“, соопштуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик