ВМРО-ДПМНЕ: Распределбата на парите за изборите е фабрикувана лага на СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во целост ги демантира изнесените информации дека во разговорите околу изборниот законик главен фокус на партијата била темата за распределбата на парите од изборите.

Во денешниот демант од ВМРО – ДПМНЕ се наведува дека е особено тенденциозно што пред објавувањето на таквите невистини не е побаран официјален став на партијата, што е основа на објективното новинарство и етика, што, пак, говори за смислено сценарио на опозицијата за пласирање невистини.

– Се работи за уште една фабрикувана лага, која е дел од стратегијата на СДСM за дефокусирање на вниманието од вистинските теми и прашања важни за граѓаните, како и од позициите кои СДСМ ги застапува за време на преговорите, а кои се штетни за државата. СДСМ на тој начин мисли дека колку повеќе се шират невистини, толку побрзо ќе се заборават нивните штетни предлози дадени на преговарчката маса, стои во демантот од ВМРО – ДПМНЕ.

За ВМРО-ДПМНЕ, се потенцира, многу поважни се прашањата поврзани со гласањето на дијаспората, регулирањето на работата на ДИК, обезбедувањето механизми со кои ќе се потврди објективноста и довербата на изборниот процес.

Темата со финансирањето на изборните кампањи и износот на средства кои што политичките партии можат да ги потрошат, се посочува, е тема за која што партиите постигнаа согласност уште пред една недела и тоа е затворена тема.

– Пуштањето на вакви шпекулации ние го гледаме како алатка од кујната на СДСМ се со цел да се покрие нивниот срам заради промовирањето и поддршката на штетни одлуки за Република Македонија, се подвлекува во демантот од ВМРО – ДПМНЕ во однос на објавените информации од страна на одредени опозициски медиуми за изборниот законик.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“