ВМРО-ДПМНЕ: Расипништвото, корумпираноста и неспособноста на Заев се прочитани

Од:

„СДСМ пропаѓа. Се послабиот рејтинг е јасен показател дека расипништвото, корумпираноста и неспособноста на Заев се прочитани. На граѓаните им е преку глава од лошите политики, стагнацијата во економијата, руинираното здравство, закржлавеното образование, запуштеното земјоделство.

Граѓаните му веруваат на ВМРО, како единствена алтернатива која ќе ја извлече државата од апатијата во која не внесе Зоран Заев.

Рапидното задолжување мора веднаш да запре. Недозволиво е Македонија да има над 5.3 милијарди евра јавен долг, а во исто време да бележиме пад на инвестициите и катастрофална реализација на капиталните инвестиции.

28% капитални инвестиции за 2/3 од годината е одлика на неработа, безидејност и некадарност.

Немањето на откуп за земјоделските производи, ниските цени и лошата земјоделска политика резултираа со буништа полни со земјоделски производи, земјоделци во тага и изнемоштеност.

СДСМ нема капацитет да ги запре негативните политики, ниту кредибилитет повторно да бара поддршка, да лаже и да ветува. Единствен начин државата да се исправи на вистинскиот пат е пад на Зоран Заев и СДСМ.

СДСМ паѓа и назад нема. Доаѓа време за обнова на Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му