ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски потрошил пари за софтвер кој МВР не го користи, само за ова треба да лежи во затвор

Од:

Драги Рашковски како генерален секретар на владата набавил софтвер за следење на сообраќајни прекршоци за потребите на МВР, со народни пари, а МВР не знаат ниту дека истиот постои. Рашковски фрлил народни пари, за систем кој 8 месеци не е во функција.
Драги Рашковски потрошил државни пари за софтвер кој не само што не е приоритет во време на пандемија, туку истиот сега воопшто не е во функција – велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Драги Рашковски само за ова треба да лежи во затвор. Владата платила софтвер, за кој никој не знае дали воопшто некогаш ќе се користи.
Драги Рашковски да каже, зошто го набавил софтверот, ако МВР не знаат за него, тоа значи дека воопшто не го ни побарале. Кого прашал Рашковски и врз база на која анализа и потреба е купен софтверот? Дали набавката на софтверот е уште еден “Леонардо вил вин”? Ја повикуваме МВР веднаш да каже дали нарачеле софтвер од Рашковски, и дали тој за тоа добил овластување од влада. Владата да каже како во време на пандемија воопшто дозволиле набавка на неприоритетна опрема“ – се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ