ВМРО-ДПМНЕ: Раководството на СДС и СЈО ќе бидат забележани во срамниот дел од историјата на земјава

Од:

„После вчерашната работа на канцеларијата на СДС, СЈО едно е совршено јасно: се прави единствен атак врз ВМРО-ДПМНЕ, со цел нејзина политичка елиминација за конечно слабеење на Македонија и исполнување на плановите на оној кој го смислил цело ова сценарио.

Целта е стигматизирање и оцрнување на стотина луѓе од ВМРО-ДПМНЕ против кој се води политички процес чија крајна цел е политичка, и никако правна. Она што се случува со СЈО нема апсолутно никаква врска со правото и исклучиво е поврзана со политичките интереси на одредени структури.

Ваков монтиран политички процес од вакви размери, против една партија, без докази, а со политички цели македонската држава не памети во својата историја. Апелираме судот да не подлегнува на притисоците и заканите кои се вршат. Да се држи до словото на Уставот и законите. Воедно за сите оние кои што ќе се огрешат кон законите, кои што вршат притисоци и без докази спроведуваат политички атак, укажуваме дека ќе има правда, и таа ќе дојде брзо. Ќе дојде времето кога ќе одговараат за своите злодела и криминали.

Граѓаните добро знаат што се случува и целата оваа хајка ќе им се врати како бумеранг на наредните избори кога ќе бидат поразени. Раководството на СДС и СЈО ќе бидат забележани во срамниот дел од историјата на оваа држава“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал