ВМРО-ДПМНЕ: Работењето на СЈО е непрофесионално, необјективно и пристрасно

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштението на СДСМ.

„СЈО е продолжена рака на СДС и воопшто не изненадува тоа што Зоран Заев испраќа соопштенија и реакции во име на Катица Јанева.

Работењето на СЈО е целосно непрофесионално, необјективно и пристрасно, па затоа користи иста ПР служба со СДС.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ уредно се појавувал на сите судски рочишта во кои што бил уредно и навремено поканет.

Зоран Заев е рекордер по средби со амбасадори, конзули, портири кои служат единствено како повод за да се избегне појавување пред судовите. Зоран Заев е човекот кој јавно кажа дека не го признава македонското судство. Зоран Заев е политичарот кој е два пати аболициран за финансиски криминал и за дела против државата. Првиот пат беше аболициран од страна на Бранко Црвенковски за 8 милиони евра кои незаконски ги присвоил во случајот „Глобал“, а вториот пат му беше повлечено обвинението токму од страна на Катица Јанева за случајот „Пуч“.

Затоа лицемерно е Зоран Заев да испраќа партиски соопштенија пред себе си да се погледне во огледало“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ