ВМРО-ДПМНЕ: Психолозите и педагозите ќе се вработат преку транспарентна постапка

Од:

Вработувањето на 294-те психолози и педагози во средните и основните училишта ќе се изврши преку транспарентна и отворена постапка, при што ќе се запазат сите законски правила и процедури, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на прес-конференција на СДСМ.

– Вработувањата за кои зборуваше СДСМ се прават како резултат на децениски застој и стагнација, која систематски беше спроведувана од владите на СДСМ во оваа сфера. Тоа запоставување силно почна да се чувствува во образовниот процес. Ја разбираме потребата на СДСМ секојдневно да излегува на прес конференции, но не можеме да разбереме тоа што СДСМ започна да критикува зошто се вработуваат граѓани, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека за разлика од СДСМ сега се обезбедени бесплатни учебници, намалена е партиципацијата за студирање, отворени се нови унизерзитети и се градат нови училишта.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела