ВМРО-ДПМНЕ: „Псичките сме сшти”, коалиција на Бранко и Љубчо

Од:

„Бранко Црвенковски и неговите следбеници веќе шест пати губат на избори. За Црвенковски веќе и малите деца знаат дека ја спровел приватизацијата, дека е татко на мрачната транзиција и се она што со неа се појави, како стотиците илјади стечајци и невработени, олигарсите, кои до ден денесе го одржуваат, потоа е идеен творец на срамното име ФИРОМ, кумувал на шверц со нафта, алкохол, цигари, и други стоки, како што впрочем слушаме од сведоштвата секој ден, го измисли рекетот, ги измисли лажните ветувања, како тоа дека ќе вработи по еден од секое семејство, и што уште не направи. Тој е вистински пример како еден политичар не смее да изгледа и да делува“, изјави Сашо Стефановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Неодамна, рече Стефановски, нему му се придружи уште еден добро познат политичар, кој со ништо помалку не и наштетил на Македонија.Овие двајца политичари, имаат ист животен пат, и иста политичка вредност, ист морал, односно исти вредности и верувања.

„Заради тоа, а и заради многу друго, заради бугарските летоци, се сеќавате, но сега и бугарските пасоши, заради приватизацијата и заради начинот на владеење, заради рекетот и неодржаните ветувања, заради тоа што овие луѓе имаат исти вредности и ист систем и начин на работа, затоа што овие луѓе се идентични, ние таа коалиција од денес па натаму ќе ја викаме Коалиција – “Псичките сме сшти”, коалиција на Деспотот, шверцер (Црвенковски) и Лажниот војвода, среброљубец (Георгиевски)“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал