ВМРО-ДПМНЕ: Прв работен ден – прв проект на Талат, паркирање на службениот „мерцедес“ на плоштад за да пие кафе

Од:

Прв работен ден на Талат Џафери како технички премиер и веднаш го реализираше својот прв проект, паркирање на службениот „мерцедес“ на плоштадот за да пие кафе во ресторан. Среќа не е искомплексиран Џафери, до толку, инаку со владиниот авион ќе одеше на работа. Автократот од Форино треба да знае дека функцијата која ја врши е одговорна и бара сериозност, а не чаламење и инфантилно однесување. Илјадници граѓани секој ден зависат од политиките на владата, од мерките и проектите, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Разбираме дека ниту Ковачевски, ниту некој од СДС ќе се осуди да го искритикува Талат Џафери, затоа што сега молат за заеднички листи, ама сепак во име на интересите на граѓаните нека го посоветуваат да се приземји и да си го одработи достоинствено мандатот до изборите. Филмот со пури, пијалаци, службени автомобили, обезбедување, затворање на пешачки зони и слично, говори за карактерот на Џафери, кој можеби го попримил од ликовите од подземјето со кои се дружел. Ако по утрото денот се познава, мафијашки стил на мандат планира Талат да гура. Тоа е уште еден доказ дека никогаш не било полошо во Македонија, отколку сега со СДС и ДУИ. Затоа важно е да ги поразиме – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање