ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ протестираше пред затворот во Шуто Оризари

Од:

ВМРО-ДПМНЕ заедно со своите поддржувачи вечерва се собраа пред затворот во Шутка како поддршка за приведените учеснисници од настаните во Собранието на 27 април.

На четвртиот протест, покрај другите, беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како и генералниот секретар на партијата, Христијан Мицкоски, пратеникот Влатко Ѓорчев, екс градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Тие повторно побараа итно и безусловно запирање на сите процеси и ослободување на притворените.

Влатко Ѓорчев пак, ги поздрави актерите од МНТ кои вчера, покажале солидарност со својот колега, Владо Јовановски.

– Тоа е театарот на Ристо Шишков, а денеска Владо Јовановски стана новиот Ристо Шишков. Зарем актер кој никого не нападнал, не удрил, не раскрварил треба да биде суден за тероризам, за дела против државата и уставниот поредок, рече Ѓорчев.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ