ВМРО-ДПМНЕ: Промените каде што нашите градоначалници управуваат со општините се чувствуваат, за една недела 5 капитални проекти

Од:

„Почнаа промените во општините, градиме нова иднина. Во општините кај што управуваат градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ за една недела се отпочнати 5 капитални проекти. Граѓаните можат да ја увидат разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Денес со сериозна динамика се реализираат проекти од страна на градоначалници предводени од ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ 4 години наместо за граѓаните ги потроши за криминал и корупција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Охрид отпочнува реализација на булеварот „Македонски просветители“ кој опфаќа комплетно булеварско решение со двосмерна велосипедска патека, две пешачки патеки и секако две коловозни ленти кои што ќе се движат во двата правци. Овој проект наместо до сега да биде завршен, сега целосно документациски се докомплетира и се очекува да заврши во рок од неколку месеци.

Во општина Гази Баба се асфалтира улица во Трубарево и се започна капитален проект за фекална канализација во населеното место Страчинци. Отпочна и изградба на фекална канализација во должина од 1.100 метри во општина Кисела Вода, во населбата Драчево, а во Илинден веќе реализира проект – ново училиште, кое ќе овозможи целодневна настава и ќе има и сензорна соба за деца со посебни потреби.

Промените и новиот пристап на работа кој го нудат градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ веќе може да се види. На тој пристап народот му даде доверба на последните избори, затоа што на народот му беше преку глава од неспособноста, неработењето и криминалот на власта на Заев“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ