ВМРО-ДПМНЕ: Програмите од Кембриџ се најкрупна образовна реформа

Од:

Наставните програми од Кембриџ се најкрупната образовна реформа во Република Македонија, која е единствена во регионот која ги воведе, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на опозициската СДСМ која се сомнева во проектот, повикувајќи се на поплаки од родители и наставници.

– Вообичаено продолжуваат со нивниот добро познат начин на комуникација со јавноста, преку паушални и манипулативни прес-конференции, полни со невистини, да го девалвираат сето она што се прави за доброто на сите ученици, студенти и просветни работници во Република Македонија, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата наведува дека Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ е најголем светски провајдер на меѓународни образовни програми и квалификации за деца на возраст од 5 до 19 години, прифатени во 160 земји и над 9000 училишта.

– Од оваа година нови наставни програми и учебници добија учениците од прво до трето одделение, за што, многупати информиравме дека вложени се 148 милиони денари, (или околу 2,4 милиони евра, а не како што од СДСМ денес објави 12 милиони евра), од кои 48 за изработка на наставните програми, 73,5 за набавката на учебниците и 26,5 милиони денари за набавка на работните тетратки по овие два предмета. Одделенските наставници во целата земја, беа обучени околу начинот на реализација на новите наставни програми. Обуките беа мониторирани директно од Меѓународниот центар за наставни програми Кембриџ, за што добиен е позитивен извештај, стои меѓу другото во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник