ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа и во Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода и Охрид

Од:

Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода и Охрид се новите поголеми општини во кои, според досега обработените податоци, убедливо водат кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Струмица, пак, од досега пребројани 27.000 гласови, како што посочи директорот на Центарот за комуникации Илија Димовски, спротивно од податоците објавени од СДСМ, се води изедначена битка меѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Како што соопшти на вечерашнава прес-конференција во Домот на АРМ каде е сместен Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, нивниот кандидат за општина Аеродром води со 11.600 гласови наспроти 5.400 гласа колку што има неговиот противкандидат.

Во општина Бутел нивниот кандидат води со 3:1 во однос на досега пребројани гласови. Во Гази Баба има предност 2:1, а во општина Кисела Вода нивната кандидатка води со 7.000 наспроти 3.000 гласа.

Како што посочи Димовски во Росоман нивниот кандидат за градоначалник води со 2:1 односно со 1.400 наспроти 700 гласа и очекува дека тоа ќе биде уште една општина каде за кусо време ќе можат да соопштат победа во првиот круг од локалните избори.

ВМРО-ДПМНЕ, рече Димовски, во однос на изборите за градоначалник води и во Крушево со 2.900 гласа наспроти 2.100, потоа во Кривогаштани односот на досега пребројаните гласови е 2:1, во струмичко Ново Село, Василево, како и во Пехчево каде што разликата во однос на гласовите за нивниот кандидат, како што посочи, е огромна.

ВМРО-ДПМНЕ победа во првиот круг претходно објави во општините Македонска Каменица, Вевчани, Дојран и во Демир Капија.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226