ВМРО-ДПМНЕ: Професор по историја ќе ја води Спортската академија

Од:

Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека владата предводена од СДСМ продолжувала со поставување на нестручни и некомпетентни кадри на раководни функции по институциите во државата и дека продолжувале со политичката чистка на сите професионалци кои не се согласувале со нивната политика.

– Само неколку дена откако Дејан Јовановски беше именуван за член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, владата на СДС го разреши од функцијата директор на Спортската академија, а на негово место назначи професор по историја. Па така спортската академија наместо докажан спортист ќе ја води Владимир Лазаревски професор по историја. Замислете, професор по историја, ќе ја води Спортската академија. Го прашуваме Зоран Заев какво спортско достигнување има Владимир Лазаревски или дали бил дел од некој спортски клуб? Со какви искуство во спортот ќе придонесе за развој на оваа академија?, праша Ѓорѓиев.

Тој додаде дека Дејан Јовановски крајно професионално ја вршел работата како директор на академијата, а позицијата ја добил поради неговото искуство во областа на спортот, односно како поранешен кошаркарски интернационалец, поранешен секретар на Македонската кошаркарска федерација и директор на КК „Работнички“.

– Водејќи се по принципот на Заев од „чистачка до директор“ за партизација на институциите, очигледно дека на СДС не му се важни успехот и придонесот во полето на македонскиот спорт, а со тоа и успех и придонес за Македонија како земја. На СДС важно му е само да намести партиски кадри кои не мораат да ги водат институциите на професионално и високо ниво, туку да работат како Зоран Заев ќе нареди, рече Ѓорѓиев.

Според него било крајно несериозно и срамно Спортската академија наместо докажано лице во областа на спортот да ја води лице кое немало искуство во спорт.

– За безобразното однесување на СДС и хаосот кој планираат да го создадат и во македонскиот спорт ќе следи политичка одговорност и нивните несериозни политики граѓаните ќе ги казнат на престојните локални избори, заврши Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит