ВМРО-ДПМНЕ: Проектот за училиштето во Визбегово е во длабока процедурална фаза

Од:

За целосна реконструкција на училиштето „Св.Климент Охридски“ во населеното место Визбегово веќе има отворено тендерска постапка преку Бирото за јавни набавки и таа е заведена под бројот 01/2017, изјави Дарко Костовски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бутел, реагирајќи на прес-конференцијата на Николина Нолевска.

– Денеска советничката Николина Нолевска од СДСМ излезе со груба манипулација за проект за кој знае дека е веќе во длабока процедурална фаза и истиот е поминат на седница на советот на општината Бутел на која и самата Нолевска присуствувала. За оваа намена издвоени се 5.500.000 денари кои училиштето ги има добиено како блок дотација од Општината Бутел. Сите советници на СДСМ во општината Бутел се запознати со целосната процедура за реконструкција на училиштето во Визбегово, истакна Костовски, според кого СДСМ манипулира со граѓаните затоа што следуваат локални избори.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ