ВМРО-ДПМНЕ: Проектот за персонални асистенти со кој се пофали Царовска е на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на министерката Мила Царовска.

„Проектот за персонални асистенти со кој Мила Царoвска денеска се пофали е проект на ВМРО-ДПМНЕ. Стартот на овој проект беше во 2015 година и според планот на владата на ВМРО-ДПМНЕ досега ќе беше заокружен, т.е. веќе ќе функционираше.

Начинот на кој СДСМ го регулира е само отворање пат за партиски вработувања, наместо да се користат капацитетите на министерството за труд и социјална политика.

Царовска е неспособна и не работи во корист на граѓаните. За ова говорат пропустите на Царовска и владата предводена од СДСМ. Пропусти има речиси секојдневно, секојдневно има вести за малтретирани деца, нивна злоупотреба. Сето ова е доказ за негрижата, и нефункционирањето на системот на социјална заштита.

Но, граѓаните ги гледаат пропустите, и тоа во сите области. Граѓаните на избори ќе кажат не за овие политики кои ги спроведуваа оваа влада предводена од СДСМ.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт наместо СДСМ, овој проект досега ќе го спроведеше, и истиот немаше да доцни како што е случајот сега. Сертификатите на персоналните асистените ќе беа одамна доделени и истите веќе ќе работеа на терен, односно ќе им помагаа на лицата со попреченост на возраст над 18 години.

СДСМ не се грижи за граѓаните. СДСМ не работи за граѓаните. Оваа ненародна власт мора да си замине. Република Македонија заслужува подобро“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски