ВМРО-ДПМНЕ: Продолжуваме со принципиелната политика

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска  во Скопје одржа редовна седница на Централниот комитет на која се разговарало  за  повеќе актуелни теми и прашања.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ бил  информиран за новата состојба после чинот во Слупчане.

Членовите на Централниот комитет биле  информирани за одржаниот разговор помеѓу претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ  Никола Груевски и претседателот на ДУИ  Али Ахмети.

ВМРО-ДПМНЕ не откриваат повеќе детали за ставовите од седницата, освен ставот дека  ќе продолжат  со својата принципиелна политика.

Разговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, велат,  ќе продолжат во наредниот период.

Во информациите нема конкретен одговор за ставовите на ДУИ за Законот за бранителите, ниту пак за изјавата на портпаролот Бујар Османи, дека или ќе се прифатат нивните барања и ОНА да влезе во Законот или дека се отворени сите опции а меѓу нив и напуштање на Владата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ