ВМРО-ДПМНЕ продолжува да бара паузи, Џафери ќе ја продолжи седницата по 18 часот

Од:

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ продолжи со опструкција на Собранието со цел да не се дојде до разрешување на Марко Зврлевски. Овој пат пауза побара Зоран Илијоски, координатор на третата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека во исто време се одржува седница на комисијата за буџет и финансирање.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери нагласи дека пленарната седница не е поврзана со комисијата и дека поради паузата ќе ја продолжи седницата по 18 часот.

Џафери исто така предупреди дека може да ја искористи деловничката можност и да премине на следната точка која е разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска