ВМРО-ДПМНЕ: Продажбата на земјиштето во општина Центар транспарентно

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека обвинувањата на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски за спорна продажба на градежна парцела во општината се, како што наведуваат, обид да ја прикрие својата неспособност и фактот што ништо не сработил од стапување на функцијата.

– Целата постапка за продажба на земјиштето е отворена, јавна и транспарентна и е во согласност со законите и на неа може да учествуваат сите заинтересирани субјекти, вклучително и Андреј Жерновски и Ристо Пенов. Ги охрабруваме сите физички и правни лица да учествуваат на огласот во со закон предвиената постапка, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ:

Очигледно, се додава, бизнис двоецот Андреј Жерновски и Ристо Пенов, се чуствуваат загрозени од јавните и транспарентни постапки за продажба на градежно земјиште, на кои може да учествуваат сите заинтересирани правни и физички субјекти.

– Тие се навикнати сами и без конкуренција да се стекнуваат со имот надвор од законските постапки. Нивната намера е очигледна, а е слична на примерите со многуте станови во центарот на Скопје и дуќаните во Градскиот трговски центар, зад кои стојат бизнис и фамилијарните реалации на овие двајца, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела