ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Од:

Прилеп продолжува да се развива. Во наредните четири години го очекува уште подинамичен развој, со многу проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните во секој сегмент. Дејан Продановски е вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп. Продановски во својата програма за следниот четиригодишен мандат пред прилепчани се обврзува на чистење и партерно уредување на Градската река во Прилеп по целата должина. Со ова се предвидува уредување на речното корито, односно изградба на кејски ѕидови, изградба на пешачки патеки и поставување на урбана опрема. Заокружување на градот со обиколници „Исток“ и „Запад“. Со овој проект ќе се постигни растеретување на патната инфраструктура во градското подрачје, а воедно и ќе се обезбеди побрз транзит на товарните возила, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Изградба на нова детска градинка во УЗ „Рид“ преку модерно урбанистичко решение. Градинката ќе се гради на површина од 2000 м2. Потоа, реализација на проектот „Градина“. Изградба на комплетна инфраструктура за модерна населба, како и изградба на 2 нови паркови. Продановски има јасна визија и цел за Прилеп да продолжи да се гради. Затоа ги повикуваме прилепчани на 19 октомври да излезат во што поголем број и да дадат поддршка за Продановски и за советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Заокружи 9 за реални проекти за Прилеп, за решавање на проблемите на граѓаните и за посветено и одговорно работење. Заокружи 9 за твојот човек, твоето место и твојата иднина“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски