ВМРО-ДПМНЕ: Признанија од странски институции за успешните економски политики на Владата

Од:

Резултатите кои ги постигнува македонската економија, како прогнозата на ЕК за економскиот раст и рангирањето од Фондацијата Херитиџ на 31. место и покрај наметнатата политичка криза од опозицијата, се благодарение на големиот број реформи и проекти што ги спроведе ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години, изјави на денешната прес-конференција Лука Кржалоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека за успешните економски политики кои ги води Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пристигнуваат признанија од многу еминентни странски институции, списанија и фондации.

– Пред само неколку дена Европската комисија, македонската економија ја оцени како стабилна, со прогнозиран раст на БДП од 3.2 проценти, што е еден од највисоките во Европа и очекуван пад на невработеноста која се прогнозира да падне на најниски досега 22 отсто. Оваа прогноза на ЕК е идентична со таргетот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ поставен за периодот до 2018-тата година, рече Кржалоски.

Дека македонската економија бележи значајни успеси и позитивни трендови, додаде тој, покажува и извештајот за економски слободи на престижната американската фондација Херитиџ, според кој, Македонија се искачи на 31. место на индексот на економски слободи и влезе во категоријата слободни држави.

– Извештајот покажува значително искачување на Македонија во рок од една година, од 47-то на 31-то место, додека оценката е подобрена на 70,7 поени. Фондацијата Херитиџ ги оценува државите според четири категории, владеењето на правото, големина на државниот апарат и долгот, ефикасност на регулаторниот режим и слобода на трговијата, посочи Кржалоски.

Според него, Македонија вообичаено највисоките оценки ги добива во гарантирањето на слободен пристап до својот пазар и отвореноста за трговија со други држави, даноците и намалувањето на регулаторните пречки за водење бизнис.

– Со овие резултати, Македонија е единствената држава од Балканот која се најде во категоријата на главно слободни држави во Европа, во друштво со развиените економии на Германија, Чешка, Австрија, Ерменија и други. Овие резултати кои ги постигнува македонската економија и покрај наметната политичка криза од опозицијата, се благодарение на големиот број на реформи и проекти кои ги спроведе ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години. Од економски изолирана држава, Македонија во изминатите години бележи постојан раст и развој, нагласи Кржалоски.

Прогресот на Македонија, додаде, е забележан и од Светската Банка во извештајот „Дуинг бизнис“ каде земјата како резултат на успешните економски политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за девет години, вели, забележа раст од 84 места, па од некогашното 94-то место во време на СДСМ, денес е рангирана на 10-тото место во светот и 5-тото место во Европа.

– Благодарение на овие успешни политики, во изминатите години невработеноста се намали од рекордните 38 проценти од времето на СДСМ на сегашните 23,4 отсто, а во Македонија се отворија многу нови фабрики и нови работни места. ВМРО-ДПМНЕ нема да застане тука и во иднина главниот фокус ќе биде на растот и развојот на економијата и намалување на невработеноста, рече на прес-конференцијата Кржалоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ