ВМРО-ДПМНЕ: Приоритет на Заев е ставање на правосудните органи под негова контрола

Од:

„Зоран Заев и владата предводена од СДС го покажаа своето вистинско лице. Врвен приоритет на Зоран Заев е ставање на правосудните органи целосно под негова контрола. Затоа СДС веднаш отпочнаа со чекори кои водат кон брутална партизација на органите на прогонот. Со ваквата стратегија Заев се надева дека ќе реши два проблеми. Првиот и најголем, да се спаси себе си и останатите од раководството од одговорност за криминалите и вториот, да инсталира партиски послушници кои беспоговорно ќе ги следат неговите нарачки за спроведување на политички монтирани случаи.

Затоа СДС наместо професионалец, за државен секретар во МВР ја именуваше Магдалена Несторовска, координатор на советничката група на СДС во Карпош.

Токму затоа, еден од првите чекори на новата влада на СДС беше покренување на постапка на Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски. Тоа што на Зоран Заев му пречи е фактот дека Јавното обвинителство водено од Зврлевски не потклекнуваше на политички притисоци и отвараше постапки за случаи како „Поткуп“ каде што Заев е флагрантно фатен во неговиот криминален систем воспоставен во Струмица, eдно евро за вицето, едно евро за црквата. Јавното обвинителство покренуваше постапки и за изборни измами и манопулации со гласачите и за низа предмети во кои беше инволвирана Општина Струмица.

Со вчерашното гласање на Советот за јавни обвинители паднаа во вода сите манипулации кои СДС ги ширеше во изминатиот период за партизираност во работењето на правосудните органи. Излезе на виделина и вистината и вистинските мотиви на Зоран Заев.

Операцијата што СДС ја прават во моментов не е заради некави реформи или подобрување на квалитетот во работењето на правосудните органи, туку од една едноставна причина да бидат стопирани сите случаи кои се водат против нив пред јавното обвинителство.

Одговорност за случаите „Поткуп“, кирии, изборна корупција и слично мора да има. Јавноста очекува правдата да биде подеднаква за сите.

Граѓаните немаат никаква полза од ваквото дефокусирање од страна на СДС и новите приоритети кои си ги наметнуваат. Граѓаните очекуваат исполнување на ветувањата за нови 500 километри автопат, плати на докторите од 100.000 денари, просечна плата од 30.000 денари и минимална плата од 16.000 денари“, изјави Зоран Илиоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Лажно и манипулативно е тврдењето на СДСМ дека за време на моето раководење со МВР е расчистен само еден случај

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад