ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Откупот на тутун ќе започне навремено

Од:

„Бескрајно лицемерната политика на СДСМ и нивните коалициони партнери никако да заврши. Вашата лицемерна политика господине Сугарески, политиката на Вашите сопартијци и коалициони партнери, продолжува.

– Вие бевте тој кој не го поддржа законот за субвенционирање на земјоделците и поради Вас повеќе стотини семејства со задоцнување ги зедоа своите субвенции. Затоа Ве информираме да не се грижите околу откупот на тутунот , откупот на тутун ќе започне навремено согласно законските прописи, веднаш по земањето на заверените мостри на тутун.

– Олигарсите на СДСМ се оние кои го уништија македонското земјоделие, тутунопроизводството, сточарството, а денес истите тие преку својот гласноговорник Сугарески повикуваат на подобар живот, поголеми примања, посигурен живот за Вас земјоделците“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Царината заплени 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол на зелениот пазар во Чаир

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази