ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за одземање на штабовите е диктирана од СДСМ и е дефокус од поскапувањата и грабежот на народот

Од:

„Пресудата за случајот Талир е диктирана во СДСМ, и тоа од седиштето кое е нелегално присвоено како поранешен објект на МОН. Ова го прават не затоа што се силни туку затоа што се слаби и знаат дека народот не ги сака и рејтингот на СДСМ тоне.ВМРО ДПМНЕ не се објектите, туку народот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Пресудата на Талир е дефокус од животот во национална катастрофа, поскапувања и грабеж кој се прави на народот. Обвинителството и судот се продолжена рака на СДСМ.

Пресудата во случајот Талир 2 е предвреме напишана. Истата е обзнанена неполни 24 часа по завршните зборови. Кога судијката најде време да ги анализира завршните зборови, и кога најде време да ја напише пресудата.

За разлика од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е стекнат легално, СДСМ има узурпирано имот на МОН.

СДСМ е единствена партија во светот која за партиско седиште има зграда на Министерство за образование.

Партиското седиште на СДСМ наместо студентски дом како за студентите на Медицинскиот факултет сега е седиште на најкриминалната партија.

СДСМ треба да каже како го стекнале своето седиште кое е симбол на луксуз? Институциите треба да го истражат случајот како државна зграда станала партиски штаб. Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ