ВМРО-ДПМНЕ: Преку малверзации со ДДВ оштетен е буџетот со 20-30 милиони евра, а вмешани се лица блиски до власта на СДСМ и ДУИ

Од:

„Обвинителството и МВР молчат за скандалот во УЈП тежок 20 до 30 милиони евра. Очигледно се обидуваат да го забошотат или пак да го сведат на ситни риби како што тоа го направија со скандалот со 215 пасоши доделени на белосветски мафијаши“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа ги повикуваме јавно да излезат со овој скандал и да не ги кријат крупните имиња кои се вмешани. Имено во овој криминал учествувале фирми кои фиктивно побарувале ДДВ од УЈП и фирми кои должеле и истите преку цесии се порамнувале и на тој начин го оштетувале буџетот.

Очекуваме институциите да излезат со информации па да видиме и ние и јавноста дали во тие имиња има вмешани сегашни и поранешни функционери во институции и лица блиски до сегашни и поранешни функционери од оваа власт на СДСМ и ДУИ.

Ги предупредуваме институциите да не молчат и да не прикриваат, бидејќи ако не тие, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе ја информира јавноста за овој скандал“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела