ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ преку крводарителска акција дава поддршка на притворените за настаните на 27 април

Од:

Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ организира крводарителска акција во знак на поддршка за, како што велат од партијата, притворените патриоти, меѓу кои се и др. Сашо Василевски и др. Љубен Арнаудов кои се членови во комисијата.

„Даваме поддршка за сите притворени и сметаме дека е ова уште еден обид на владата предводена од Зоран Заев на овој начин да ги прикрие своите неспособности за носење на живот и реформи во Македонија. Конкретен пример е и токму министерството за здравство кое веќе 4 месеци е без назначен министер. Наместо конечно да се зафатат со реализација на проект, тие притвораат лекари, притвораат уметници, притвораат патриоти“, велат од партијата.

Денешната акција ќе трае до 17 часот во просториите на „Даре Џамбаз“.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ