ВМРО-ДПМНЕ: Преку конкретни мерки ги зајакнавме стручните служби во училиштата

Од:

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ реагираат на соопштението на СДСМ за образованието.

„Поразениот СДСМ никогаш не работел на полето на зајакнување на психолошките и педагошките служби во училиштата, кога имал можност да го направи тоа. Тие секогаш пред избори ветуваат вработувања, а кога се на власт нема ништо, туку напротив се зголемува невработеноста. Тие кога беа на власт оставија 200.000 работници на улица, заедно со нивните семејства кое живееја на работ на егзистенцијата, притоа создавајќи рекордна невработеност од речиси 39%.

Наспроти фактите за периодот на мрачното владеење и криминална приватизација на СДСМ, во моментов невработеноста е сведена на рекордно најниско ниво од 23,4 %, што се должи на одговорните и ефективни политики на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од лажните ветувања на СДСМ за вработување на педагози, психолози и дефектолози, кои се појавуваат како дежаву на ветувањата од 15-ти септември за „вработување“ на најмалку едно лице од секое семејство, ВМРО-ДПМНЕ преку конкретни мерки ги зајакнува стручните служби во основните и средните училишта и за таа цел, само во изминатите три години се вработени нови 105 психолози, 13 педагози и 84 дефектолози. Ангажирањето на овој тип на кадар во интерес на јакнењето на психолошко – педагошките служби, ќе продолжи и во периодот што следи, секаде каде што има потреба.

Потсетуваме и дека во изминатите неколку години извршени се над 9.000 трансформации на работен однос од определено на неопределено време на лица ангажирани во образовните институции, што придонесува за значително унапредување на личната и семејна финансиска состојба на вработените во овој сектор и истовремено е отстранета несигурноста неизвесноста присутна до 2006 година, која воедно претставуваше состојба и предмет за уцена на наставниците од страна на СДСМ, додека беа на власт.

Овие состојби се веќе минато и народот одлучи повеќе никогаш да не се повторат.“

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов