ВМРО-ДПМНЕ преку Арсовска прекинува проекти за дечиња во социјален ризик во Скопје велат од СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ преку Арсовска не дозволува стотици деца бесплатно да летуваат и да се социјализираат на летен камп, проект на Здружението за хумано – општествен развој Проект Среќа кој во изминатите неколку години имаше финансиска поддршка од Град Скопје и претходниот градоначалник велат од СДСМ.

– За жал, оваа година, овој проект за првпат не е поддржан од Град Скопје, бидејќи на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, стотиците вработувања за кои ќе се потрошат 670.000 евра, им се поважни од можноста десетици дечиња од социјално загрозени семејства бесплатно да летуваат. Ако беше искрена, Арсовска ќе се откажеше од парите за партиски вработувања и ќе ги пренасочеше во проекти кои значат помош на граѓаните. Ваквото однесување на Арсовска е показател за нула чувство за одговорност кон граѓаните. Арсовска како и другите градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажуваат дека не работат во интерес на граѓаните, туку се грижат само за личните и партиските интереси се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?