ВМРО-ДПМНЕ: Преговорите за членство во ЕУ не почнуваат, а Заев прифати бришење на името Република Македонија

Од:

„Преговорите за членство во ЕУ не почнуваат, а Заев прифати бришење на името Република Македонија. Тоа е доказ дека обезличувањето на сопствената држава и народ не може да биде покритие за неспособноста, расипништвото и криминалот на власта.

Зоран Заев ја распродава државата на надворешен план и ја уништува дома.

Економијата е на дно. Повеќе од една година растот на БДП е нула, платите паѓаат, а цените на производите на мало растат. Стандардот на граѓаните е се понизок.

Заев спроведува економски геноцид. Граѓаните живеат се посиромашно, а фирмите на Заеви и Анѓушев влегуваат во милионските бизниси со наркотици, купуваат индустриски гиганти по цена од една гарсониера и добиваат милионски тендери од државата.

Фирмите кои донирале на СДСМ наплаќаат милиони евра од граѓаните.

Градежништвото повеќе од една година оди во надолна линија.

Падот на нискоградбата е 37%. Сите инфраструктурни проекти почнати во време на ВМРО-ДПМНЕ неосновано се запрени.

Земјоделието е на колена. Земјоделците се понижени. Откуп нема. Родот на земјоделците наместо на пазар завршува на буниште. Од ураганот СДСМ пострадаа оризопроизводителите, производителите на зелка, краставица, домати, а сега и на лубеница.

Правната држава е деградирана. Правосудните органи не одлучуваат по закон, туку по диктат.

Неспособноста на власта е констатирана и од ЕУ. Унијата јасно порача дека без суштински реформи државата нема да добие почеток на преговори. Заев и Димитров ја лажат и ја манипулираат јавноста. Заев и Димитров трајно ја нарушија позицијата на Република Македонија и ги понижија граѓаните.

Зоран Заев потроши повеќе од една година од животот на граѓаните на Република Македонија, а за жал не направи ништо. Зоран Заев мора час поскоро да си замине, за на Македонија да и тргне напред. Македонија мора да победи и ќе победи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ