ВМРО-ДПМНЕ: Преговорите се прекинати поради несогласувањата на СДСМ во делот на медиумите

Од:

Преговорите се прекинати единствено поради несогласувањето на СДСМ во делот на медиумите да се гарантира дека нема да се воведува цензура, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на Петре Шилегов од СДСМ на која обвини дека преговорите се прекинати поради ВМРО-ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ денеска предложи експлицитно да се поддржи ставот дека ниту новинар, ниту медиум нема да може да биде казнет за искажан став или мислење. Став кој е основен постулат и основен принцип во кодексот на новинарите каде слободата на медиумите е неприкосновено право. Во 21 век во Европа СДСМ е единствената политичка партија која се противи на овие принципи, се нагласува во реакцијата.

Ниедна лага и манипулација на Петре Шилегов, се додава, нема да го оттргне срамот од СДСМ кој беше извлечен на чистина и практично покажа дека нивната крајна намера е воведување на цензорска контрола врз медиумите.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот