ВМРО-ДПМНЕ: Предлог-законот за социјална заштита на владата е целосно спротивен на заложбите на здруженијата на лица со посебни потреби

Од:

Денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претставници наВМРО-ДПМНЕ од Интер-парламнтарната пратеничка група, Унијата на жени и членови на Комисијата за труд и социјална политика на партијата остварија средба со претставници на здруженијата и oрганизации на лица со посебни потреби, по повод Светскиот ден на лицата со посебни потреби 3-ти Декември.

„На состанокот беше разговарано за потребите и проблемите со кои се соочуваат лицата со посебни потреби во Република Македонија. Беше потенцирано дека Предлог законот за социјална заштита на Министерството за труд и социјална политика целосно е спротивен на заложбите на здруженијата, ја прекршува Kонвенцијата на ОН за правата на лицата со посебни потреби која Република Македонија ја ратификуваше во 2011 година и им ги крати правата и можностите кои што до сега ги уживале.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека партијата останува посветена на решавање на проблемите како и во минатото така и во иднина. Беше потенцирано дека владата на ВМРО-ДПМНЕ во минатиот период превземала низа на мерки во таа насока како воведувањето на паричните права, додаток за слепило, додаток за глувост, додаток за мобилност, додаток на лица со квадриплегија, можности за вработување, обуки и серија други мерки и поволности.

ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период, во отсуство на јасна визија од страна на Владата и ресорното министерство за унапредување и олеснување на можностите на оваа целна група, ќе превземе проактивна улога, искористувајќи ги сите демократски алатки за креирање и носење политики и закони во кои ќе има решенија за унапредување и еднаквост на правата на лицата со посебни потреби. Во оваа насока пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ веќе поднесе неколку амандмани на предлог Буџетот за 2019 година со кои се бара зголемување на износите на правата за овие лица и останатите лица во социјален ризик, согласно со искажаните потреби на претставниците на здруженијата кои ги застапуваат интересите на лицата со посебни потреби“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Дафина Стојановска: Народот доаѓа по она што Али и Груби му го одзедоа

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

Мицкоски од Тетово: Во рамките на проектот за 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините дел ќе се инвестира и во општините во западна Македонија