ВМРО-ДПМНЕ предлага закон за бранителите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ до Собранието поднела Предлог – закон за бранителите и за нивните семејства. Од владејачката партија информираат дека во законот ќе бидат содржани поголемиот дел од барањата на бранителите.

Претеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во 2008 година го одби Предлог законот за посебни права за припадниците на безбедносните сили поднесен од бранителите. Со него се предлагаше бранителите и нивните семејства да бидат ослободени од партиципацијата во здравството, бесплатно образование, удвојување на стажот поминат во одбрана на суверенитетот на државата, предност при вработувањето и ослободување на работодавците од давачките спрема државата при вработување припадник на безбедносните сили.

Владата тогаш кажа дека ваквиот закон ќе го чини буџетот 300 милиони евра , што од страна на бранителите возвратија дека е тоа чиста манипулација на власта.

Со тој предлог закон не се предвидуваа привилегии за припадниците на ОНА кои беа на другата страна во судирот.

Овој закон беше едно од нерешливите прашања меѓу сегашните коалициски партнери, Груевски и Ахмети.

Останува отворено прашањето за решавање на статусот на поранешните членови на ОНА, предвиден од таканаречениот „мајски“ договор, кога ДУИ беше опозиција. Функционери на ДУИ и на почетокот на годинава најавија дека законот за бранители ќе ги опафати и припадниците на ОНА нивните семејствата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ