ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ предлага една недела одложување за учество на опозицијата на избори

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со нов предлог кој го соопшти вицепремиерот Зоран Ставрески – опозицијата да добие можност уште една недела за да поднесе листи со кандидати, но изборите би останале на 24. март.

Ова се предлозите кои ги соопшти Стaврески:

– утврдување на нов рок за доставување на листите до 3-ти март. Во овој рок сите партии да ги достават листите за локалните избори.

– Ако СДСМ прифати, Собранието на итна седница ќе ги вметне измените во Изборниот закононик.

– ВМРО-ДПМНЕ предлага формирање на комисија за случувањата од 24-ти декември. За нас е прифатлив предлогот на претседателот Иванов, рече Ставрески.

– Високи резултати би имало ако се врати пратеничката група на СДСМ во Собрание за да ги усвоиме потребните законски измени. Со овој предлог на СДСМ му се овозможува да учествува на изборите, со една недела повеќе за доставување на листите. Ова партијата го бараше, сега таа можност ја има. Доколу и ова се одбие, очигледна е идејата на СДСМ да продолжи да создава проблеми, а не да помогне за евроатланската иднина на Македонија, заклучи Ставрески.

Ставрески вo предлозите не спомна ништо за промена на изборниот законик според предлозите на ОБСЕ и ОДИХР кои гарантираат фер и демократски избори.

-Имајќи во предвид дека СДСМ бараше одложување на изборите со цел да има време да ги состави листите на кандидати за советници и градоначалници, со овој предлог на СДСМ му се овозможува цела една недела да го направи истото и да учествува на изборите без притоа да има потреба од одложување на изборите, што за ВМРО-ДПМНЕ е непотребно и неприфатливо. Ако е потребна една недела за подготовка на листите, СДСМ со овој предлог ја има, рече Ставрески.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он

Демократи: По изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега

А1он

Јанчев од Левица: Македонија повеќе нема луксуз да се движи по овој поданички пат!

А1он