ВМРО-ДПМНЕ: Предизборниот период е период кога „блескаат“ лагите на Зоран Заев

Од:

„Доаѓа крајот на владеењето на криминалната банда на чело со измамникот Зоран Заев. Се ближи крајот на погубните политики на политичари без визија и план, политичари за кои најважен е личниот бенефит, банда која на коцка ја стави иднината на сопствената држава.

Македонскиот граѓанин има развиено политичка култура за да го прочита предизборниот поткуп пресликан во буџетот на Република Македонија за 2020-та година.

Предизборниот период е период кога „блескаат“ лагите на Зоран Заев, но за среќа повеќе никој не му верува на измамникот, кој и носи само порази и понижувања на сопствената држава и народ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Она што ВМРО-ДПМНЕ го нуди е нова парадигма, морален кодекс кој ќе ја смени политиката во Македонија. Нема повеќе на македонската политичка сцена да има политичари кои истовремено се „просечни бизнисмени“. Нема да има ниту вечни политичари и функционери. Квалитетот ќе биде пресуден за кадровската политика. Доаѓа време кога мерит системот конечно ќе профункционира во нашата држава.

Законот нема повеќе да биде само парче хартија, а правната држава ќе биде основа на нашето општество. Владата на ВМРО-ДПМНЕ избрана од народот ќе работи за народот и ќе биде достапна во секое време за граѓаните.

Граѓаните ќе го испратат Заев во политичка пензија и ќе стават крај на неговата тажна политичка кариера. Граѓанинот ќе избере обнова, наместо заевизам и ќе стави крај на деспотизмот.

Следува обнова за Република Македонија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ, преку Африм Гаши, се обидува да ја забрани Надзорната расправа за Кочани, обвини Левица

Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е паднат за 20%

Митрески: Бидејќи секој наш предлог се одбива, СДСМ поднесе 12 закони од изборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Денот по утрото се познава, најлошото допрва доаѓа

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата