ВМРО-ДПМНЕ: Пред месец дена владата го прогласи најдолгиот карантин, а сега со истите бројки ги укинуваат сите мерки и препорачуваат избори

Од:

„На 14 април биле дијагностицирани 26 заболени од Ковит 19. На Велигден 37 новозаболени, а само пред два дена беа дијагностицирани 40 инфицирани.

Пред месец дена, за Велигден, Заев, Филипче и владата го прогласија најдолгиот четиридневен карантин, а сега со истите бројки ги укинуваат сите мерки и препорачуваат избори.

Здравствените мерки на Филипче и власта на СДСМ доживуваат фијаско“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија и понатаму е единствената земја во регионот кај што корона епидемијата наместо да се стишува, се уште бележи црни биланси. Во последното деноноќие во Македонија има 16 ново-заболени и тројца починати од корона вирусот.

Состојбата е далеку од нормализирана. Филипче, Заев и СДСМ сакаат да организираат брзи избори, само за да го ублажат поразот, иако секој ден наши граѓани се разболуваат и умираат од корона вирусот. Ним им е битно само да ја зачуваат политичката кариера, а не здравјето и животите на граѓаните.

Заради тоа што политиката, а не здравството им е приоритет, Македонија е рекордер во регионот по смртни случаи на милион жители. Заради нивната неодговорност и политиканство Македонија е во врвот по заболени на милион жители. Заради тоа што не сакаат јавноста да ја дознае катастрофалната епидемиолошка слика , Македонија е на дното по спроведени тестирања.

Македонија прво мора да ја порази корона епидемијата, а потоа ќе ја порази епидемијата од неодговорност и неспособност на Зоран Заев и неговата власт.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски