ВМРО-ДПМНЕ: Правото е дерогирано, а правосудниот систем понижен

Од:

„Правниот систем во Република Македонија колабира под политичките притисоци. Наместо правосудството да се доближува кон европските стандарди, македонските судови замижуваат пред одлуките на Европскиот суд за човекови права.
Врховниот суд на Република Грција цени дека во Република Македонија загарантираното право на правично судење е нарушено, а основните човекови права се загрозени.

Не станува збор за одлука на некој суд на земја која што е надвор од ЕУ, туку одлука на суд кој мора да ги почитува конвенциите и пресудите на ЕСЧП.

Каков е денеска политичкиот притисок врз македонското судство говори и фактот што сосема поинакви аршини се употребуваат во предметите Поткуп и Тенк. Предметот Поткуп во кој обвинет е Зоран Заев, се повеќе од 3 години талка по судовите кои беа обвинети дека биле дел од режим, додека предметот Тенк, каде обвинети се неистомисленици на Заев за нецела година експресно е доведен до финиш.

Судот 3 години играше по нотите на Заев и 12 пати ги одлагаше рочиштата за Поткуп со апсурдни образложенија.
Правосудството во државата е понижено. Додека рочиштата за Тенк траат и по 12 часа, рочиштата за Поткуп завршуваат и по нецел час.

Поткуп е случај во кој постои доказ, кој е легално прибавен и од кој јасно се гледа како Зоран Заев бара поткуп од 200.000 евра, а сепак истиот не се користи. Ова е апсолутен доказ дека судството е под контрола на Зоран Заев и картелот кој го води.

Заробеното судство оди во пакет со медиумите под контрола на власта. Медиумскиот апарат под контрола на СДСМ во текот на целиот случај создава искривена перцепција за ослободување на Заев.

Заев во изминатава година откако управува со Република Македонија ја зароби државата и ги злоупотребува институциите. Правото е дерогирано, а правосудниот систем понижен. Ова систематско ништење на државата мора да запре. Државата и граѓаните заслужуваат подобро. Да тргнеме во битка за државата и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ