А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Правдата нема да биде задоволена се додека Заев не одговара за криминалот

by А1он26/08/2019 - 10:19133
Share0

„Власта е целосно инкриминирана и во паника. Криминалната банда на чело со аболицираниот Заев е качена на воз во еден правец, правец од кој нема назад. Месеците на Илинденска бб. им се избројани, криминалите разоткриени и знаат дека сите до еден ќе одговараат за своите злодела.

Следете a1on на Instagram Instagram

Најавите за тужби за новинари, координираните напади врз слободата на медиумите се само уште еден показател дека нивниот крај е близу.

Правдата не може да биде задоволена со сечење на пипците на криминалниот октопод, а се со цел да не се октрие главата, да не се отркие дека Зоран Заев лично и персонално стоел зад најголемата криминална афера во поновата македонска историја“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Правдата нема да биде задоволена се додека Зоран Заев не одговара за сторениот криминал.

Следете a1on на Youtube YouTube

Обвинителството наместо да го гони криминалот повторно се става во заштита на истиот, се заканува на новинарите и свиркачите, се заканува на сите оние кои се борат да се дознае целата вистина за случајот рекет.

Русковска и Јовевски очајно бараат начин по четврти пат да го амнестираат Зоран Заев, овој пат за учество во злосторничко здружување, поради фактот што токму тој е на чело на криминално рекетарската банда.

Граѓаните знаат колку тежи зборот на Заев, тие знаат дека секој пат кога ќе стави својата рака на срце, тој ноторно лаже. Исказот на сведокот за случајот Рекет кој го објавија медумите е доказ дека тој знаел за рекетот и не само што знаел туку и застанал на патот на правдата.

Единственото прашање кое го имаат граѓаните е колку тој зел од рекетот?

Зоране деновите на Илинденска бб. ти се одбројани, дојде крајот на твојата тажна политичка карирера“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео