• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците од СДСМ го користат Собранието за политички маркетинг

by А1он03/09/2017 - 15:28174
Share0

Парламентарно мнозинство предводено од СДСМ го користи Собранието на Република Македонија единствено за политички маркетинг во пресрет на локалните избори, а не за решавање на реалните проблеми на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на барањата на пратеничката група на СДСМ партијата да ги поддржи законските решенија на Владата што се во собраниска процедура.

Добивај вести на вибер

– СДСМ треба да разбере дека пратениците во Собранието на Република Македонија се избрани да работат во интерес на граѓаните, а не во интерес на партијата, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека доколку Владата на СДСМ и нивното парламентарно мнозинство навистина се грижело за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните, ќе ги прифатело предлог-законите кои ВМРО-ДПМНЕ ги поднела, како и амандманите кои што произлегуваат како барање на граѓаните, а не едногласно да ги одбие.

– Ако СДСМ и Зоран Заев навистина се грижеа за вработените, ќе им обезбедеа минимална плата од 16 000 денари, онака како што ветуваа пред изборите. Поради неспособноста и лагите на СДСМ, со поплитки џебови, ќе останат сите граѓани. Државната администрација нема да ги добие ветените 5 проценти покачување на плата, ниту пак пензионерите ќе добијат 5 проценти, покачување на пензиите, се вели во реакцијата.

Во неа се додава и дека наместо повеќе пари во семејните буџети, како што ветуваа имаме пад на просечната плата за 0,7 проценти, пад на странските директни инвестиции за 100 милиони евра и пад на индустриското производство за 2,2 проценти.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

Предраг Петровиќ26/01/2026 - 20:27

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски26/01/2026 - 12:3026/01/2026 - 13:10

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

Горан Наумовски26/01/2026 - 11:53

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски26/01/2026 - 10:0526/01/2026 - 10:26

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски26/01/2026 - 08:4926/01/2026 - 09:23

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 16:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен